Канзас Сити Чифс ја одбрабија титулата, Махоумс МВП

Канзас-Сити-Чифс-ја-одбрабија-титулата-Махоумс-МВП.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Канзас Сити Чифс ги победија Сан Франциско Фортинајнерс со 25:22 по продолжение, во 58. издание на Супербоул. Чифс со победата во Лас Вегас ја одбранија шампионската титула.

Еден од најзаслужните за победата беше Патрик Махоумс, кој мирно одигра во продолжението и му донесе победа на својот тим иако беа на чекор до пораз.

Актуелниот шампион Канзас вторпат по ред ќе го подигне трофејот Ломбарди и на тој начин ќе ја испише историјата на НФЛ. Последен пат Њу Ингланд Патриотс го направија тоа во 2005 година.

Голем подвиг направи Патрик Махоумс, кој успеа да го освои својот трет Супербол за само шест години како стартер. Исто така, очекувано по трет пат ја доби наградата МВП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK