Канте може да го пропушти остатокот од сезоната

kante_56665757
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Тренерот на Челзи, Френк Лампард кажа дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

– Го загубивме Канте на вчерашниот тренинг. Тој разви болки во пределот на препоните. Според прелиминарните прогнози ќе биде надвор неколку недели. Сите разбираат што значи ова, изјави Лампард за „Talksport“.


Триесет и двегодишниот Французин го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на тетивата.

Тој оваа сезона забележа само девет настапи во Премиер лигата за Челзи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK