Канада без Мареј на СП

168398863_lowres-scaled-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канадскиот кошаркар Џамал Мареј ќе го пропушти Мундијалот поради повреда, објави на својата интернет страница Канадската кошаркарска асоцијација.


Најдобриот канадски играч ги пропушти сите натпревари во подготвителниот период поради проблеми со повредата, а селекторот Жорди Фернандез до последен момент се надеваше дека сепак ќе биде подготвен да отпатува со тимот на Мундобаскетот.

„Кога дојдов во тренинг кампот, сакав да видам како ќе реагира моето тело по исклучително тешката и напорна сезона во НБА и дали ќе можам да се натпреварувам на највисоко можно ниво што го бара учеството на Светското првенство. По консултација со лекарскиот тим, беше одлучено дека ми треба дополнителен период за целосно опоравување. Мојот сон останува да играм за Канада на Олимпијадата, а со целото мое срце ќе навивам тимот да ја постигне таа цел“, изјави Мареј.

Мареј (26) пред само два месеци ја освои шампионската титула во НБА со Денвер Нагетс и заедно со Никола Јокиќ беше најзаслужен за историскиот успех на франшизата од Колорадо. .

Канада е во групата Х на Светското првенство со Франција, Либан и Летонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK