Кадена СЕР: Модриќ нема да остане во Реал, ќе се пензионира

Кадена-СЕР-Модриќ-нема-да-остане-во-Реал-ќе-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ нема да го продолжи договорот со клубот на лето, пренесува мадридското радио „Кадена СЕР“.

38-годишниот Хрват се почесто е на клупата за резерви, што не му се допаѓа. Тој веќе во неколку наврати го изразуваше своето незадоволство од актуелната состојба.

Модриќ ќе чека понуди од Саудиска Арабија или од американската МЛС лига. Доколку не добие понуда која ќе ги задоволи неговите амбиции, ќе се пензионира на лето, по настапот на Европското првенство со репрезентацијата на Хрватска, тврди „Кадена СЕР“.

Лука Модриќ е член на Реал Мадрид од 2012 година. Во кариерата играше само за Динамо и Тотенхем, со две кратки позајмици во Зрињски и Интер од Запрешиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK