Јувентус најде замена за Пол Погба, кој се соочува со повеќегодишна суспензија поради позитивен допинг тест.
Погба падна на допинг тест по првенствениот натпревар против Удинезе на 20 август. Францускиот играч за врска остана на клупата на „Дачија арена“, но беше еден од оние кои по случаен избор беа избрани за тестирање.
Погба е автоматски суспендиран во очекување на анализа на Б-примерокот. Францускиот играч за врска би можел да биде суспендиран до четири години, а според вестите кои доаѓаат од Апенините, Јувентус ќе го раскине неговиот договор доколку и Б-тесто биде позтивен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека торинскиот гигант веќе почнал да бара замена за Погба, а изборот наводно паднал на играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти (30).
Репрезентативецот на Гана веќе беше поврзуван со трансфер во италијанскиот гигант во текот на летото, но Арсенал не сакаше само така да го продаде. Парти во Арсенал пристигна во 2020 година од Атлетико Мадрид за 50.000.000 евра, а претходно играше за Мајорка и Алмерија.