Норвежанецот Оле Гунар Солскјаер, поранешен фудбалери и тренер на Манчестер јунајтед, сподели интересна приказна за својот сонародник Ерлинг Халанд, кој сега го носи дресот на Манчестер сити.
И пред да стане тренер на тимот од „Олд Трафорд“, Солскјаер на клупските челници им го препорачал Халанд.
„Летото пред да пристигнам во Јунајтед ги информирав дека треба да потпишат договор со Халанд, кој тогаш играше за Молде. Знаев дека ќе биде врвен играч. Класа. Беше јуни или јули 2019 година. Сепак, тие се мислеа и работата пропадна“.
Јунајтед имаше шанса да ја исправи грешката, но не го направи тоа.
„Кога пристигна во Салцбург од Молде, не играше три или четири месеци. Им порачав дека е вистинско време да потпишат договор со него. Тој имаше ослободителна клаузула од 20 милиони фунти. Ќе завршеа одлична работа“.