Јапонија им го „украде“ златото на Кинезите во екипна конкуренција

12400320.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гимнастичарите на Јапонија го освоија златото во екипна конкуренција, во повеќебој на Олимписките игри во Париз.


Јапонците буквално им го грабнаа златото на Кинезите кои водеа до последната ротација. Но последната ротација на Кина беше катастрофална и Јапонците го освоија најсјаното одличје. Кина на крајот го освои среброто, а бронзата им припадна на Соединетите Американски Држави.

Најзаслужен за најбрилијантниот настап на Јапонија беше Даики Хашимото, додека трагичар кај Кинезите беше Су Веиде.

На крајот, Јапонија имаше вкупно 259.594 поени, Кина 259.062, а Америка 257.793.

Велика Британија заврши на четвртото место, Украина беше петта, Италија шеста, Швајцарија седма, а Канада осма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK