Двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот, Јанис Адетокумбо, го напушта Милвоки, кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит.
Според информациите објавени од познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами постигнаа договор за голема размена во која грчкиот ас се сели во Флорида, заедно со искусниот крилен центар Боби Портис.
Милвоки ќе ги добие Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Хакес Џуниор и Каспарас Јакутсионис, овогодинешниот 13-ти избор од НБА драфтот, како и значаен пакет идни избори на драфтот.
Според Чаранија, Бакс ќе добијат незаштитени пикови од првата рунда во 2031 и 2033 година, право да разменуваат пикови од првата рунда во 2030 година, како и пик од втората рунда во 2033 година.
Заминувањето на Адтетокумпо означува крај на една ера во Милвоки, каде што мина повеќе од една деценија, стана симбол на франшизата и ги водеше Бакс до титулата во НБА во 2021 година. Во исто време, Мајами добива играч околу кого веднаш може да гради шампионски амбиции.
Оваа размена, која веќе се нарекува една од најголемите во последните години, би можела значително да го промени балансот на моќта во Источната конференција и да го врати Мајами во главните претенденти за шампионски прстен.
Foto/ Depositphotos