Иванишевиќ: Новак ќе игра до ОИ во Лос Анџелес во 2028 година

Иванишевиќ-Новак-ќе-игра-до-ОИ-во-Лос-Анџелес-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Горан Иванишевиќ зборуваше смирено по освојувањето на титулата на Новак Ѓоковиќ на Ју-ес опен. Ѓоковиќ четврти пат победи во Њујорк и ја освои 24. Грен слем титула во кариерата.


„Данил практично му го подари првиот сет. Пресвртница беше вториот сет. Новак таму одигра неколку неверојатни поени на мрежата, особено оној на сет топката. Сетот се решаваше во тај-брејкот и тука се прекрши целиот меч. Ако Медведев го земеше тај брејкот, се можеше да биде поинаку. Прашање беше само кога Новак ќе го реши прашањето на победникот во третиот сет“, истакна Иванишевиќ.

Горан воопшто не е изненаден од неверојатните достигнувања на Новак.

„Да не бев со него, можеби ќе бев изненаден. Знам колку е мотивиран, бидејќи постојано бара нови предизвици. Понекогаш тоа не е добро за нас во неговиот тим“, се насмеа Горан и додаде: „Сепак, тоа е причината поради која бележи врвни резултати“.

Според Иванишевиќ им нема крај на успесите на Ѓоковиќ.

„Тој е гениј. Роден победник. Не може да се добие. Тој е роден со него. И нема причина да се запре на 36. Неговиот план е да игра до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година!“, заклучи Иванишевиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK