Италијанските медиуми крајно разочарани од ремито со Македонија: Сега ги чека клучен меч со Украина

Италијанските-медиуми-крајно-разочарани-од-ремито-со-Македонија-Сега-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанските медиуми беа крајно разочарани од дебито на Лучано Спалети на клупата на италијанската репрезентација по 1:1 ремито со Македонија во Скопје, оценувајќи дека дуелот со Украина на „Сан Сиро“ сега станува клучен за „аѕурите“.


„Италија, сега само нагорнина“, вели насловот на „Ла газета дело спорт“, оценувајќи дека квалификциите за Европското првенство стануваат компликувани и додавајќи дека мечот во вторник против Украина станува клучен за надежите за пласман.

„Ова сме ние“, е насловот на „Кориере дело спорт“, кои ја пренесуваат пораката на Лучано Спалети дека навивачите кои го гледале мечот најдобро ќе дадат оценка за мечот.

„Tутоспорт“ оценува дека „аѕурите“ имале добар почеток, најава за убав фудбал, но потоа се покажала „кризата на таленти“ во нападот на „ужасниот“ терен во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK