Греам Потер, Френк Лампард и Џенаро Гатузо. Овие тројца тренери изминатите денови се поврзуваа со клупата на францускиот великан Олимпик Лион. Клубот нема тренер откако Лоран Блан доби отказ.
Потер ја отфрли можноста да замине во Франција, дефинитивно имало неуспешни разговори со Гатузо и Лампард, па Лион шда изненади со изборот на новиот тренер.Лион ќе го предводи Италијанецот Фабио Гросо.
Гросо помина две години како играч во Лион, од 2007 до 2009 година. Десет години е тренер, а последната работа му беше во Фросиноне. Со овој клуб Гросо избори промоција во Серија А.
Фабио Гросо засекогаш ќе остане запаметен како херој на Светското првенство во Германија во 2006 година, кое Италија го освои.
Иако беше лев бек, тој постигна гол во полуфиналната победа против Германците, а во финалето против Французите го реализираше последниот пенал во пенал-рулетот, кој одлучуваше кој ќе биде светски првак.
Лион во моментов е на дното на табелата во француската лига со само еден бодон по четири одиграни кола и според сите проценки му претстои турбулентна сезона.