Италија е најуспешна нација на Европските спортски игри што изминатиот викенд свечено беа затворени во Полска, а привлекоа рекорден број од околу 7.000 спортисти од 48 држави.
Италијанските спортисти на Игрите што од 22 јуни до 2 јули се одржаа во полската покраина Шлезија освоија дури 100 медали, од кои 35 златни.
Второто место според бројот на златни медали го поделија Шпанија и Украина, по 21 одличје, додека втора најуспешна нација според освоени медали е Германија со 63 одличја.
На Европските игри настапија и 17 македонски спортисти во седум спортови.
Со одличје се закити таеквондистот Дејан Георгиевски, кој во категоријата над 87 килограми освои сребро.