Истрага против Кристијан Хорнер – Недолично се однесувал кон колешка

Истрага-против-Кристијан-Хорнер-–-Недолично-се-однесувал-кон-колешка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, би можел да остане без работа откако тимот покрена истрага, поради наводите дека се однесувал недолично кон колешка.


Портпаролот на Формула 1 го потврди овој развој на настаните и го опиша проблематичното однесување како „несоодветно и контролирачко“. Според првите информации, Хорнер ги негира овие наводи.

Хорнер е во брак со пејачката Гери Халивел, поранешена членка на поп групата „Spice Girls“. Во брак се од 2015 година, а заедно имаат син роден во 2017 година. Хорнер има и ќерка од претходната врска.

Членовите на Ред Бул со кои новинарите контактирале за да дознаат повеќе детали, според „Тајмс“, биле шокирани.

Хорнер важи за творец на моќниот Ред Бул, кој освои дури седум шампионски титули во Ф1 во конкуренција на возачи во периодот од 2010 до 2023 година.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK