Швајцарија и Израел одиграа 1:1 на неутрален терен во Унгарија, во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Овој натпревар требаше да се игра во октомври но беше одлоѓен поради војната во Појасот Газа. Двете селекции останаа во игра за директен пласман на континенталниот турнир.
Натпреварот на Панчо арена го следеа околу 3.500 гледачи, главно израелски навивачи кои во драматичен финиш го поздравија голот на својата репрезентација за вреден бод.
Швајцарците поведоа во 36. минута кога погоди Варгас, а предност имаа до последните минути од играта, но не издржаа.
На почетокот на вториот дел Израелците бараа пенал откако топката удри во рака играч на Швајцарија, но контроверзниот англиски судија Тејлор не покажа на белата точка.
Израел стигна до вредниот бод во 89. минута кога замениот Вајсман постигна гол, со то му ја расипа историската вечер на Гранит Џака.
Имено, легендарниот играч за врска вечерва го забележа 119-от настап за својата репрезентација со тоа стана рекордер по бројот на одиграни натпревари за швајцарската репрезентација.
Во судиското надополнување, Швајцарија остана со играч помалку откако Фернандеш беше исклучен поради груб старт.
Во пресрет на последните две кола, во квалификациската група И Швајцарија и Романија имаат по 16 бода на првите две места, третопласираниот Израел има четири бода помалку, па се е отворено до крајот.
Работите ќе бидат појасни по саботните натпревари во кои се среќаваат Швајцарија – Косово и Израел – Романија.