Илиоски обезбеди бронзен медал на Мундијалот во кик-бокс

Илиоски-обезбеди-бронзен-медал-на-Мундијалот-во-кик-бокс.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ Ipon.mk


Бобан Илиоски обезбеди бронзен медал на Светското првенство во кик-бокс, во во Албуфеира, Португалија. На Мундијалот учествуваат 1.429 натпреварувачи од 77 држави.

Бобан Илиоски за место во полуфиналето, во категоријата до 86 килограми, лоу кик, го совлада Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина со 3:0.

За пласман во големото финале, Илиоски ќе ги одмери силите со Елјан Алкишијев од Азербејџан, кој со 2:1 славеше во борбата со Бразилецот Евертон Роча де Карваљо.

„Боби многу паметно се бореше, не се впушташе во непотребни ризични акции. Слушаше од агол се што му се кажуваше и во целост го применуваше тоа. Имаше постојана доминација над противникот и борбата ја држеше под контрола сите три рунди. Нема повреди, со Господ напред одиме понатаму до злато“, изјави селекторот Дејан Митровски-Урко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK