Фудбалскиот клуб Партизан му врачи отказ на тренерот Игор Дуљај. Во последните пет натпревари во Супер лигата, тимот ќе го предводи Алберт Наѓ.
Управниот одбор на Партизан, доцна синоќа, ја донел одлуката тренерот да добие отказ. На Дуљај му пресудија четири порази во низа од Чукарички, два од Црвена звезда и ТСЦ. Црно-белите се втори на табелата, а до крајот на сезоната целта им е да останат на второт место на табелата. На пет кола до крајот Партизан има четири бода повеќе од ТСЦ.
Партизан, телефонски го известил тренерот за одлуката која била донесена. Повикот го добил откако го завршил гостувањето на една српска телевизија.
Игор Дуљај беше на клупата на Партизан како шеф на стручниот штаб од почетокот на март 2023 година и за тоа време ги предводеше црно-белите на 53 натпревари каде забележа 32 победи, седум нерешени и 14 порази.