Во вечерниот термин на Австралија опен се слули најголемата сензација на женскиот дел од турнирот.
Полската тенисерка Ига Швјонтек во третото коло го заврши настапот на Австралија опен.
Меѓу гледачите првата носителка беше испратена од 19-годишната Чехинката Линда Носкова. 50. тенисерка на ВТА листата, по два часа и 22 минути ја победи најдобрата во светот во три сета 3:6, 6:3, 6:4.
Последен пат Швјонтек беше елиминирана пред четвртото коло на Грен слем турнир во 2022 година на Вимблдон. Мелбурн во последно време дефинитивно не и лежи, бидејќи лани веќе беше елиминирана во осминафиналето.
WOW!
19yo Linda Noskova upsets the World #1 Iga Swiatek 3-6, 6-3, 6-4 to reach the last 16 at the #AusOpen.
What a CRAZY first week in Melbourne! pic.twitter.com/NQqdpVBUMs
— José Morgado (@josemorgado) January 20, 2024