Идеалниот тим на Ди Марија без Модриќ и Роналдо

Идеалниот-тим-на-Ди-Марија-без-Модриќ-и-Роналдо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинецот Анхел Ди Марија (36) минатото лето се врати во Бенфика. Бенфика беше првиот клуб на Ди Марија во Европа, каде пристигна од Росарио Централ, а потоа играше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Во својата голема кариера освои се на клупски и репрезентативен план.


Во интервју за аргентинскиот „TyC Sports“, Ди Марија избра идеален тим составен од неговите соиграчи од Аргентина и клубовите за кои играше. Со оглед на нивото на кое игра успешно долги години, не е чудно што Аргентинецот состави страшна единаесетка.

Интересно во идеалниот тим на Ди Марија нема место за Лука Модриќ и Кристијано Роналдо со кои ја делеше соблекувалната на „Сантијаго Бернабеу“.

Срцето на одбраната го сочинуваа сонародници. На голот е Емилијано Мартинез, стопери се Николас Отаменди и Хавиер Маскерано. На бековските позиции Ди Марија ги смести соиграчите од Реал, Серхио Рамос и Марсело.

Во средниот ред Ди марија за партнери ги избра Руи Коста и Нејмар, а во нападот покрај големиот пријател Меси ги смести Златан Ибрахимовиќ и Килијан Мбапе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK