Хрватите побарале два милиони билети за ЕУРО 2024

Хрватите-побарале-два-милиони-билети-за-ЕУРО-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неверојатен интерес владее за натпреварите на хрватската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство.


Во јуни не очекува ЕУРО во Германија, а Фудбалскиот сојуз на Хаватска (ХНС), објави дека има неверојатен интерес за натпреварите на националниот тим.

Хрватските навивачи испратиле барања за дури два милиони влезници, а од ХНС велат дека целосната продажба и дистрибуција ја организира УЕФА, како и дека ХНС не продавала и нема да продава билети за првенството.

„Нагласуваме дека официјално ќе биде одобрена само платформата за препродажба на билети на УЕФА и дека сите други канали за купување се неовластени и како такви небезбедни за клиентите. Невозможно е да се проверат билетите што се рекламираат, ниту пак да се префрлат на друго лице, пред вистинскиот клиент да го добие билетот на неговата корисничка сметка на крајот на мај или почетокот на јуни. ХНС ги информираше надлежните институции за појавата на ваквите билети на пазарот, но и УЕФА како организатор на натпреварувањето. Препорачуваме внимателност, мудрост и посебно внимание на сите фанови за да не станат жртви на шпекуланти и измамни“, соопштија од ХНС.

Хрватска на ЕП е во групата Б заедно со Шпанија, Италија и Албанија.

ЕУРО ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во десет градови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK