Хезоња ја стресе Шпанија – Од Реал се сели во Барселона

HEZONJA_GettyImages-1246768986Thumb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Марио Хезоња направи неочекуван избор на нов клуб. По одличната сезона во Реал, Марио Хезоња можеше да избира и брзо избра. Хрватскиот интернационалец ќе остане во Шпанија, но по Мадрид реши кариерата да ја продолжи во Барселона.

Оваа вест ја потврди шпанска „Марка“, 29-годишниот фудбалер потпиша четиригодишен договор со Барселона. Годишно ќе заработува по три милиони евра. Хезоња веќе беше член на каталонскиот тим на почетокот на кариерата, од 2012 до 2015 година.

Помеѓу двата престоја во Барселона, Хрватот играше за Орландо Меџик, Њујорк Никс, Портланд, Панатинаикос, Уникс и Реал Мадрид. Со Реал ја освои Евролигата во 2023 година.

Одлуката на Хезоња е изненадувачка и покрај тоа што се шпекулираше дека Барселона е заинтересирана за него.

Најреалната опција беше да остане во Реал или да се пресели во Панатинаикос, а помалку веројатната опција беше да се пресели во Партизан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK