Ангелос Постекоглу е првиот менаџер во историјата на Премиер лигата кој ја добил наградата за менаџер на месецот во првите три месеци од сезоната.
Откако беше најдобар стратег во август, а потоа и во септември, менаџерот на Тотенхем беше прогласен и за најдобар во октомври.
Менаџерот на Тотенхем е само четврти кој три пати по ред е прогласен за најдобар. Пред него три пати по ред наградата ја добиваа само на Антонио Конте, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.
Само Гвардиола четири пати по ред ја добиваше наградата, менаџер на месецот.
Тотенхем исто така го заврши октомври на чело на табелата и беше единствениот тим кој победи на сите одиграни натпревари во овој месец. славеа на гости кај Лутон и Кристал Палас и дома против Фулам.