Хари Наковски нов селектор на одбојкарската репрезентација

pres-hari-promoczija-1024x768-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Извор/ vfmkd.org.mk

Поранешниот репрезентативец, Хари Наковски е нов селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија. Во пресрет на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026 година, ОФМ реши Наковски да ја преземе улогата на Јошко Миленкоски, кој лани со пласманот во осминафиналето на Европското првенство, го забележа најголемиот успех на националниот тим.

„Сакам да упатам благодарност до ОФМ, голема чест е да се наследи и да се работи со Јошко како наше најголемо тренерско име. Се надевам дека со добро здравје и со добра работа ќе ја исполниме целта“, рече Наковски, кој минататa година му беше асистент на Миленкоски.

„Оваа сала, овој хотел, ова место, буди големи спомени, тука ги ковавме нашите резултати на последноо ЕП. Тоа беше најубавиот дел од мојата тренерска кариера и сега веќе можам слободно да размислувам за тренерска пензија. Мене ми е време полека да се повлекувам, а со големо задоволство ја предавам палката на Хари, тренер којшто ми помогна мене како селектор и на сите играчи да го дадеме најдоброто. Верувам дека Хари со своите помошници и со моја помош, сега од еден друг агол во насока на логистика, совет, поддршка итн. ќе биде успешен, а јас на тој начин ќе бидам дел од нашиот следен успех“, изјави екс-селекторот Миленкоски.

Македонските одбојкари ќе се соберат на 2 мај, ќе тренираат во Струмица до 8 мај кога ќе отпатуваат во Романија, каде ќе играат контролни натпревари со оваа селекција. Потоа ќе се вратат во салата „Парк“ и ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17 мај.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир, а за противници ќе ги има Чешка и Естонија. Следните два се во Белгија и во Хрватска. Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за ЕП 2026. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврто последовно учество на континеталните шампионати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK