Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд откри дека негов омилен спортист е Новак Ѓоковиќ.
Норвежанецот во еден подкаст изјави дека неговиот спортски херој е првиот играч во светот и освојувач на 24. Грен слем титула.
Потоа објасни зошто изборот паднал на Србинот.
„Го сакам Ѓоковиќ. Мислам дека е добар. Тој е уникатен и тоа што го постигна е неверојатно. Дојде од никаде од својата земја. Јас го избрав Ѓоковиќ”, изјави Халанд.