Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд наскоро ќе стане сопственик на прекрасниот „Мерцедес АМГ 1“ вреден околу 3,1 милиони евра. Според норвешките медиуми, Халанд автомобилот ќе го купи заедно со својот пријател од детството Оле Ертваг.
Во колекцијата на скапи автомобили на Халанд имаше, или сè уште има, неколку неверојатни примероци: „Мерцедес АМГ ГЛЕ“ од над 100.000 евра, „Ролс Ројс Килиан“ за кој потроши повеќе од 350.000 евра, „Ауди РС6 Аван“ и „Ренџ Ровер Спорт“ кои чинат по околу 150.000 евра.
Персонализираниот Мерцедес со 1063 коњски сили развива неверојатни перформанси.
Како што тврди производителот, на патот до максимални 352км/ч, 200 км/ч достигнува за само седум секунди, а 300 км/ч за 15,6 секунди. Автомобилот на Халанд е еден од 275 примероци на овој модел.