Ерлинг Халанд, најдобриот стрелец на Манчестерс, ќе го пропушти последниот натпревар во 2023 година за својот тим.
Манчестер сити, во сабота на 30 декември ќе го пречека Шефилд јунајтед.
Норвежанецот се повреди на 6 декември и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Тој го пропушти и Светското клупско првенство, каде Сити освои уште една титула.
„Ерлинг е се подобар, но не тренира со тимот. Очекувам во јануари да биде подготвен за сите предизвици“, изјави тренер Пеп Гвардиола.
Халанд оваа година одигра 22 натпревари за Сити, постигна 19 гола и забележа пет асистенции.