Манчестер сити ремизираше со Реал во Мадрид (3:3), во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја пофали атмосферата на „Сантијаго Бернабеу“, кој синоќа за првпат беше целосно затворен за натпревар во Лигата на шампионите, за навивањето да биде погласно. Нешто слично Реал направи пред речиси два месеци кога го играше градското дерби со Атлетико.
„Новиот „Бернабеу“ е навистина спектакуларен, атмосферата беше феноменална, иако претпочитам кога може да се види небото, а и тревата беше малку висока. Флорентино Перез би можел неа малку да ја поправи“, изјави Пеп во свој стил.
Каталонецот е оптимист пред реваншот на „Етихад“ наредната недела.
„Следната недела ќе нашите луѓе ќе бидат со нас, стадионот ќе биде распродаден. Навивачите нека ни помогнат да постигнеме еден гол, а ние ќе го направиме останатото“, додаде Пеп.
Четвртфиналниот реванш меѓу Манчестер сити – Реал Мадрид е закажан за в среда од 21 часот.