„Марка“, во петокот објави текст во кој на својата публика ѝ го открива можниот наследник на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити. Весникот во својот текст се повикува на она што го објави британски „Телеграф“, односно на изјавата на Гвардиола од мај годинава.
Тогаш Манчестер сити гостуваше кај Брајтон во натпреварот од 32. коло на Премиер лигата, кој заврши со резултат 1:1.
Пред почетокот на дуелот, во тунелот кој води од соблекувалната до теренот, сè уште далеку од камерите и микрофоните, Гвардиола ја впери главата во правец на Роберто Де Зерби и рече: „Тој ќе биде следниот тренер на Манчестер сити“.
Де Зерби не само што го воодушеви Гвардиола туку и цела Англија со работата како тренер на Брајтон. Италијанецот минатата сезона го предводеше овој клуб до шестото место во Премиер лигата. Брајтон прв пат во историјата избори место во европските купови, се натпреварува во Лига Европа.
Она што е особено импресивно е неговиот офанзивен стил на игра кој го имплементира во тимот откако го наследи од Греам Потер.