Руд Гулит, поранешната ѕвезда на Милан и Челзи, ги обвини играчите на Манчестер јунајтед дека се себични пред голот.
Јунајтед оваа сезона во Премиер лигата постигна само 11 гола, но неговите фудбалери не искористија голем број шанси.
Гулит смета дека причината за тоа е што на крајот од акцијата многу играчи сакаат сами да постигнат гол и не му ја даваат топката на Расмус Хојлунд, кој често е во добра позиција.
„Добро е да го „храните“ својот напаѓач со топки бидејќи ако постигне голови, добива самодоверба и потоа другите ќе го бараат со топката. Ми се чини дека не го бараат доволно. Можете да видите дека премногу играчи се желни да постигнат гол, влегуваат внатре, сакаат да шутираат“, вели Гулит.
Во текот на кариерата имаше можност да игра со одлични напаѓачи, еден од нив беше Марко ван Бастен.
„Играв со Марко, секогаш мислев, ако му ја дадам топката, тоа е гол, а ако шутирам може да биде гол, но не е сигурно. Затоа повеќе сакав да му ја испратам топката. бидејќи дефинитивно значеше дека постигнуваме гол. Знаете напаѓачите, тие се себични, треба да постигнуваат голови. Ако тој е среќен, тоа прави разлика за целиот тим“.
Хојлунд има постигнато три гола на девет натпревари во сите натпреварувања откако пристигна на Олд Трафорд.