„Граѓаните“ ќе потрошат 200 милиони евра до крајот на преодниот рок


depositphotos_762614750_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преодниот рок за Манчестер Сити е далеку од завршен. На почетокот, тие го срушија рекордот за Британец со доведувањето на Елиот Андерсон, но новиот менаџер, Енцо Мареска побара уште неколку засилувања.


Тоа ќе биде поврзано со заминувања, во моментов има неколку играчи кои сигурно ќе го напуштат „Етихад“.

Преодниот рок зависи и од евентуалната продажба на Родри во Реал. Веќе е познато дека трансферот би бил олеснет со купувањето на одличниот Ајуб Буади, 18-годишен Мароканец од Лил, но тој сигурно не би бил директна замена. Јасно е дека Сити нема намера да се откаже од најдобриот играч на Светското првенство.

Место во клубот нема за Тижани Рејндерс и Нико Гонзалес, како и за искусните Калвин Филипс и Џек Грилиш. Овие двајца минатата сезона играа на позајмици во други клубови.

Исто така, Сити, очекува најмалку 70 милиони евра од продажбата на Савињо, а според медиумите не е сигурна позаицијата ниту на египетскиот напаѓач Мармуш.

Резервниот голман Џејсм Трафорд ќе го напушти клубот, а во тој случај алтернатива на Донарума би можел да биде искусниот Аргентинец Херонимо Руљи од Марсеј.

Рубен Дијас останува, нема да биде прифатена никаква понуда од Реал за него. Наводно Марсека е сериозно заинтересиран за Педро Нето и Мало Густо, но малку е веројатно дека Челзи ќе се откаже од овие фудбалери.

Мареска призна дека во клубот размислуваат за три или четири позиции, играч од средниот ред, напаѓач, голман и десен бек. Се шепкулира дека Италиајнецот ќе потроши 200 милиони евра до крајот на преодниот рок.

Сити ќе игра против Атлетико Мадрид за време на викендот како тест пред Комјунити Шилд против Арсенал, а на отворањето на сезоната на 23 август го пречекува Борнмут.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK