Алехандро Папу Гомез (35) е слободен играч од 1.септември кога го раскина договорот со Севилја. За аргентинските медиуми изјвави дека размислува да стави крај на кариерата.
Летири дена по оваа изјава, Гомез добил понуда и решил да го одлижи пензионирањето. Во наредните денови, тој треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и да потпише договор со крајот на сеозната со Монца.
Тој пристигнува во Монца на местото на повредениот Капрари.
Во Италија веќе играше за Катанија и Аталанта каде помина седум години и остави навистина длабока трага.