Голманот Јовановиќ од МЛС се сели во Челси

djordje-petrovic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот голман на српскиот прволигаш Чукарички, Ѓорѓе Петровиќ кариерата ќе ја продолжи во лондонски Челзи, објави италијански инсајдер Фабрицио Романо. Голманот во Челси ќе пристигне од САД, од екипата на Њу Ингланд Револушн.



Според информациите, клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе плати 16.000.000 евра за услугите на Петровиќ, со што тој ќе стане најскапиот српски голман во историјата. Њу Ингланд пред нешто повеќе од една година за него плати околу 1.000.000 евра.

Тој во среда треба да ги направи сите лекарски прегледи и да го официјализира трансферот.

Во Челзи за „единицата“ ќе се бори со Роберт Санчез.

Ѓорѓе Петровиќ има 23 години, двапати играше за српската репрезентација, а дресот на Чукарички го носеше 79 пати од 2018 до 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK