Голем проблем за Сити: Де Брујне ќе паузира неколку месеци

de-brujne-123.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, ќе биде надвор од терените неколку месеци. Ова го откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, на прес-конференција пред натпреварот за Суперкупот на Европа против Севилја.


„Тоа е сериозен проблем. Мораме да одлучиме дали ќе се оперира или не, но тој ќе биде надвор од теренот неколку месеци“, изјави Гвардиола.

На прашањето кога ќе се донесе одлука за операцијата, тој одговори:

„Следните неколку дена. Нема да игра три или четири месеци“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK