Ѓоковиќ: Тој пораз ме уништи


depositphotos_312730494_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се потсети на еден од најтешките порази во неговата кариера, елиминацијата од Хуан Мартин дел Потро во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.


Тој призна дека овој неуспех толку многу го погодил што почнал да се сомнева во сопствените способности.

Ѓоковиќ пристигна во Рио како прв тенисер во светот и во моментот кога беше на врвот на својата кариера. Неколку недели претходно, го освои Ролан Гарос и го заврши кариерниот Гренд слем, држејќи ги сите четири големи трофеи истовремено.

Сепак, олимпискиот сон заврши на почетокот. Српскиот тенисер беше поразен од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, тогаш 141-от играч во светот, кој се враќаше на теренот по бројни проблеми со повреди.

Дел Потро победи во два тај-брека, 7:6, 7:6, а Ѓоковиќ го напушти теренот во солзи.

„Toe е, без сомнение, еден од најтешките порази во мојот живот и кариера. Раните се уште се свежи. Боли ужасно затоа што бев елиминиран толку рано, но, од друга страна, среќен сум за Дел Потро, затоа што помина низ многу повреди“, се присети Ѓоковиќ.

Српскиот ас особено нагласи дека поразот го погодил токму затоа што пристигнал во Рио во најдобра можна форма.

„Бев на врвот на мојата форма, број еден во светот и веќе ги имав освоено сите четири Гренд слем турнири. Едвај пропуштив ниту една топка. Тој пораз ме уништи и ме натера да се сомневам во мојата способност да го постигнам тоа на мое највисоко ниво“, рече Ѓоковиќ.

Сепак, она што во 2016 година претставуваше една од најголемите спортски трауми за Ѓоковиќ, осум години подоцна имаше сосема поинаков епилог.

На Олимписките игри во Париз во 2024 година, Ѓоковиќ конечно ја освои единствената голема титула што му недостасуваше. Во финалето, го победи Карлос Алкараз и стигна до олимпиското злато, со што затвори едно од најважните поглавја од неговата кариера.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK