Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за „Јуроспорт“ пред почетокот на Мастерсот во Париз. Едно од прашањата се однесуваше и на подобрувањето на рекордот на Грен слем турнирите.
Ѓоковиќ, на почетокот на септември на Ју-Ес опен ја освои 24. Гренс слем титула во кариерата. Новинарот го интересираше дали веќе подготвува јакна со бројот 25, како што беше случајот кога ги освои 23. и 24. титула на Ролан Гарос и Ју-Ес опен.
„Добив инструкции да не зборувам за тоа јавно (се смее). Тоа се одлични прашања. Ако дојде 25. титула во јануари, тоа би било одлично. Имав одлични реакции по последните две јакни и се надевам дека Лакост има произведено многу, Среќен сум со 24. титула, знам дека луѓето, особено во мојата земја, велат „Ајде, да одиме на 25, 30“. Да беше толку лесно, ќе беше супер“, рече Ѓоковиќ и потоа одговори на новинарско прашање „дека тој прави работите да изгледаат лесно“:
„Не знам како изгледа, но знам какво е чувството. Мора да го заработите тоа. Се чувствувам како мачка со девет животи. Секој пат кога играм Грен слем, губам еден. Мора да бидете целосно вклучен во турнирот. Сега повеќе од кога било. Тоа е и причината зошто сега имам поголеми паузи, морам да се наполнам со енергија“.