Ѓоковиќ по поразот од Синер: Играше похрабро во клучните поени

Ѓоковиќ-по-поразот-од-Синер-Играше-похрабро-во-клучните-поени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јаник Синер го победи Новак Ѓоковиќ со 2:1 (7/5, 6/7, 7/6), во второто коло, во Зелената група, на завршниот Мастерс во Торино.



Со поразот по нешто повеќе од три часа игра, Синер избори пласман во полуфиналето, а Ѓоковиќ си ја закомпликува ситуацијата. Србинот ќе мора да го победи Хуберт Хуркач, кој влезе на место на повредениот Стефанос Циципас, доколку сака да продолжи со одбраната на трофејот.

По мечот, Ѓоковиќ му честиташе на Синер и откри зошто не успа да победи.

„Во вакви натпревари има многу малку шанси. Ако не ги искористите, ќе ги искористи другиот играч. Тоа беше во основа така. Што научив? Мислам дека научив дека на моменти треба да бидам малку порешителен. Не бев денес. Тоа е во ред. Некогаш победуваш, некои губиш. Поголемиот дел од мојата кариера победував вакви натпревари. Загубив некои, како овој. Не мислам дека нешто направив погрешно. Само што беше порешителен и похрабар кога тоа требаше да биде. Имаше неколку неверојатни поени, ги играше вистинските удари. Беше похрабар кога требаше, на пример на 5:5 во третиот сет 15:30 и вториот сервис, јас бев пасивен, не нападнав, тоа требаше да го направам“, рече Ѓоковиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK