Ѓоковиќ: Ќе играм само ако можам да се борам за трофејот

4a286.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Новак Ѓоковиќ пристигна на Вимблдон, но се уште не е мистерија дали ќе настапи на третиот Грен слем во сезоната.

Повредата на коленото, а потоа и операцијата, го оддалечи најдобриот српски тенисер неколку недели надвор од теренот.

„Коленото е подобро, секој ден е се подобро. Терапијата оди во вистинска насока и тоа ми дава надеж“, изјави Новак за Би-би-си.

До почетокот на Вимблдон останува уште една недела, а Ѓоковиќ јасно кажа што сака од потенцијалното учество на Вимблдон:

„Не дојдов овде да одиграм неколку кола. Ќе играм само ако можам да дадам блиску до мојот максимум“, изјави Новак и истакна:

„Навистина ќе играм само ако почувствувам дека можам да дојдам до завршницата и да се борам за трофејот.

Ѓоковиќ денеска тренираше два часа, а одигра и два тајбрејка со Федерико Корија.

Новак Ѓоковиќ конечната одлука ќе ја донесе пред ждрепката закажана за 28 јуни. Вимблдон започнува на 1 јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK