Репрезентацијата на Германија синоќа во пријателски натпревар ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 3:1.
На натпреварот одигран во Ист Хартфорд, Германците на голот на Кристијан Пулишиќ одговорија со прецизни удари на Илкај Гундоган, Никлас Фулкруг и Џамал Мусиала.
Германија го доби првиот натпревар под водство на новиот селектор Јулијан Нагелсман.
Германскиот тим не учествува во квалификациите за Европското првенство 2024, бидејќи автоматски изборија учество како домаќини.
Во следниот натпревар Германија на 18 октомври игра против Мексико, а истиот ден САД ќе се сретнат со Гана.