Алармот е вклучен во Фудбалскиот сојуз на Германија. Вчера, селекторот Ханси Флик доби отказ поради серијата лоши резултати. Германија на последните пет натревари само еднаш одигра нерешено и доживеа четири порази. Флик како сеектор забележа само 12 победи на 25 натпревари. Под негова палка Германија доживеа дебакл на Светското првенство.
Германија, наредното лето ќе биде домаќин на Европското првенство, на кое имаат големи амбиции, поради тоа Флик мораше да си замине.
Фудбалскиот сојуз сега очајнички бара тренер кој ќе му го врати стариот сјај на националниот тим.
Германците за селектор го сакаат Јирген Клоп, но проблем е што тој има договор до летото 2026 година со Ливерпул.
Германците имаат план, сакаат да му понудат сериозен договор, покрај тоа сакаат и тој да заврши со Ливерпул, но не по секоја цена.
Летово Клоп ја коментираше селекторската позиција.
„Би била голема чест, но има нешто што стои помеѓу, а тоа е мојата лојалност. Имам одговорност кон клубот“, рече тој.
Доколку не успеат во планот да го доведат Клоп на клупата на репрезентацијата, останатите решенија се Оливер Гласнер од Ајнтрахт, Ралф Рагник сега селектор на Австрија итренерот на Баерн, Томас Тухел.