Играчот од средниот ред на Шпанија и Барселона, Гави (19) ги скина лигаментите на коленото на натпреварот против Грузија. Поради тешката повреда, Гави ја заврши сезоната, а ќе го пропушти ЕУРО 2024 и Олимписките игри во Париз.
Гави го очекува долга пауза, нема да биде во тимот на Барселона до септември 2024 година. Ова значи дека ќе ги пропушти воведните рунди од сезоната 2024/205.
Со оглед на тшката повреда, Фудбалскиот сојуз на Шпанија во договор со селекторот, решил да Гави да не биде дел од националниот тим до март 2025 година, кога ќе запонат квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026.
Некои медиуми во Шпанија, тврдат дека со ваквата одлука на Фудбалскиот сојуз сака барем малку да го намали незадоволството и бесот што владее во фудбалскиот клуб Барселона. Според нив, Гави воопшто не требало да биде на теренот во резултатски неважниот натпревар против Грузија.
Поради повредата на Гави, Барселона од ФИФА, според правилникот, треба да добие околу 4.000.000 евра.