Гаруба се врати во Реал Мадрид

rawImage-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот центар Усман Гаруба се врати во Реал Мадрид од НБА лигата. Усман Гаруба дојде на местото на Винсент Поаре кој замина во Анадолу Ефес.


Гаруба во младинската академија на Реал пристигна во 20013 година, а од 2017 до 2021 година беше дел од првиот тим.

Ја освои титулата во шпанската АЦБ лига во 2019 година, а пред заминувањето беше прогласен и за најдобар млад играч во Шпанија, како и за ѕвезда во подем на Евролигата.

Тој беше избран од Хјустон Рокетс како 23. пик на НБА драфтот, но не доби вистинска шанса.

Во првата сезона забележа само 24 настапи, во втората забележа дури 75, но со ограничена минутажа, само 12 минути по натпревар, постигнуваше три поени, со четири скока во просек.

Потоа се пресели во Голден Стејт, каде што забележа само шест настапи.

Реал наскоо се очекува повторно да се активира на пазарот откако стана јасно дека Гершон Јабуселе ќе замине во НБА лигата. Се шпекулира дека на неговото место ќе дојде Дарис Бертранс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK