Фудбалерите на Фенер и Галата се херои на нацијата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче беа пречекани како херои по враќањето од Саудиска Арабија во Истанбул. Сцените од аеродромот во раните утрински часови се нереални.



Галатасарај и Фенербахче не се појавија на стадионот во Ријад, Саудиска Арабија каде требаше да се одигра натпреварот од Суперкупот на Турција.

Тие одбија да го одиграат натпреварот откако организаторите забранија да му се оддаде почит на „Таткото на Турција“, Кемал Ататурк.

Поради ова, турските великано донесоа заедничка одлука дека нема да подлегнат на политичкиот притисок на организаторот на натпреварот и наместо кон стадионот тие се упатија кон аеродромот во Ријад.

Во Истанбул беа пречекани како херои.

„Турција се гордее со вас“, беше заедничката порака на навивачите на Фенер и Галата.

Скандал во Ријад: Натпреварот Фенербахче-Галатасарај нема да се игра

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK