Доколку фудбалерите на Струга во третото квалификациско коло во Конференциската лига бидат поуспешни од луксембуршкиот противник Свифт Хеспер, за ривал во плејофот ќе го имаат поразениот тим од дуелот меѓу Зрињски од БиХ и исландски Бреидаблик.
Ова денеска го одлучи УЕФА со жрепка со која беа формирани потенцијалните плејоф дуели во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Македонскиот шампион на евентуалниот прв натпревар во плејофот ќе биде домаќин.
Натпреварите од плејофот во Лигата на конференции се закажани за 24 и 31 август.
Претходно Струга в четврток на комплексот на ФФМ во Скопје го пречекува Свифт во првиот натпревар од третото квалификациско коло, а реваншот е следната недела во Луксембург.