Жозелу позајмен на Реал Мадрид

Zhozelu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мадридски Реал го позајми за следната сезона од Еспањол 33-годишниот шпански репрезентативец Жозелу.







Реал Мадрид и Еспањол, кој претходно овој месец испадна во втората шпанска лига, „се согласија околу позајмување на играчот Жозелу за следната сезона, со можност за откуп на договорот во тој рок“, соопшти попладнево Кралскиот клуб.

Жозелу, кој е роден во Штутгарт, досега настапуваше за повеќе германски, шпански и англиски прволигашки екипи.

За шпанската репрезентација дебитираше минатиот март, два дена пред својот 33. роденден, а беше дел од селекцијата која вчера го освои трофејот во Лигата на нации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK