Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука двата натпревари од квалификациската фаза во Лигата на шампиони меѓу загрепски Динамо и атински АЕК да се играат без присуство на гостински навивачи.
Одлуката, како што наведе УЕФА, е донесена од „безбедносни причини“.
Пресметката меѓу Динамо и АЕК е во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони.
Динамо, во чиј редови настапува капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, ќе гостува во Атина на првиот натпревар на 8 август, додека реваншот во Загреб е на 15 август.