Швајцарски фудбалски репрезентативец осуден поради закани

емболо
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на швајцарската фудбалска репрезентација Брил Емболо е прогласен за виновен поради закани за време на улична расправија во Базел пред пет години

Инцидентот се случил во мај 2018 година во раните утрински часови кога Емболо со своите пријатели влегле во вербална расправија со друга група, објавија швајцарските медиуми.


Емболо, кој во тоа време имаше 21 година и настапуваше за германски Шалке, за време на расправијата му се обратил на човек со зборовите „Ќе те докрајчам, јас го поседувам целиот Базел“, додека на друг му се заканил дека ќе го „претепа“.

Судот во Базел на Емболо му изрече условна парична казна од 130.000 евра, додека неговиот пријател е осуден на условна затворска казна од десет месеци и глоба од 3.000 евра за нанесување телесна повреда.

Емболо е роден во Камерун, како дете живеел во Франција, а потоа во Швајцарија. За швајцарската репрезентација има 63 настапи и 13 голови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK