Фудбалската репрезентацијата на Бразил за прв пат во својата историја ќе игра во црни дресови, објави „Globo“.
Фудбалерите ќе излезат на терен во црни дресови со златни броеви на пријателскиот натпревар против Гвинеја. Така, играчите ќе протестираат против манифестациите на расизам, од кои една од жртвите беше нивниот член Винисиус Жуниор.
Според „Глобо“, по првото полувреме играчите ќе ги променат црните дресови во традиционалните со боите на националното знаме.
Натпреварот на Бразил против Гвинеја ќе се одигра на 17 јуни во Барселона. А на 20 јуни Бразилците ќе играат со селекцијата на Сенегал во Лисабон.
За време на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Шпанија против Валенсија, напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, постојано беше изложен на расистички навреди од противничките навивачи. Поради ова средбата беше прекината во второто полувреме. По натпреварот Бразилецот ја критикуваше Ла Лига за расизам, а Реал Мадрид поднесе жалба до обвинителството во врска со навредите на нивниот играч. На 23 мај тројца навивачи на Валенсија беа уапсени за инцидентот, а Валенсија им изрече доживотна суспензија на нејзините домашни натпревари.