Претседателот на Бразил против селекторскиот ангажман на Анчелоти

Brazil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва изрази незадоволство поради тоа што италијанскиот стратег Карло Анчелоти од идната година ќе биде нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација.







Шефот на бразилската држава рече дека негов фаворит е сонародникот Фернандо Диниз, кој неодамна беше назначен на селекторското место како привремено решение додека Анчелоти не ја oдработи последната сезона од договорот со мадридски Реал.

– Го сакам Анчелоти, но лесно е да се води европска екипа со единаесет избрани играчи. Исто така, зошто никогаш не бил селектор на својата земја која очигледно има проблеми и не се пласираше на последните две светски првенства. Диниз ми е помил, има личност и карактер, креативен е и вистински лидер во соблекувалната, рече Силва.

Анчелоти ќе седне на клупата на Бразил идниот јуни, а прв предизвик ќе му биде Копа Америка истиот месец. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK