Постекоглу: Кејн е целосно посветен на Тотенхем

kejn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, рече денеска дека напаѓачот Хари Кејн е целосно посветен на клубот, коментирајќи ги со тоа шпекулациите околу иднината на капитенот на лондонскиот премиерлигаш.

Кејн (29) е голема трансфер желба на минхенски Баерн, кој досега испрати две понуди до лондонскиот клуб, кои беа одбиени, а германскиот гигант најави и трета понуда, повисока од претходните две кои беа во вредност од 82 и 94 милиони евра.


Кејн има договор со Тотенхем до јуни 2024 година.

Соочен со неизвесноста околу иднината на Кејн како што се наближува почетокот на новата сезона, Постекоглу прецизираше дека првиот разговор со англискиот репрезентативец бил поучен.

„Хари и јас во целост се согласуваме околу тоа дека сакаме тимот да игра добро оваа година. Тој е тука и сè додека е тука, целосно е посветен на тоа што го работиме“, рече Постекоглу, пред утрешниот пријателски натпревар против Вест Хем во рамки на подготовките во Австралија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK