Челниците на Ал Итихад се подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра за египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах.
Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул постојано негираа дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.
Американскиот „CBS Sport“ тврди дека раководството на Ал Итихад како главна цел го поставила ангажманот на египетскиот репрезентативец до крајот на трансфер периодот, односно до 20 септември.
Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 100 милиони долари, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 50 милиони долари.
Салах (31) пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома. За англискиот клуб одигра 307 натпревари и достигна 187 години.