Над 600 евра за билет за пријателскиот натпревар Аргентина – Австралија во Пекинг

argentina fudbal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеските фудбалски навивачи ќе мораат да платат до 630 евра за да го гледаат Лионел Меси на 15 овој месец во Пекинг на пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Австралија, објавија денеска организаторите.

Натпреварот ќе се игра на новоуредениот Работнички стадион со капацитет од 68.000 седишта, а тоа ќе биде прва посета на Меси на Кина од 2017 година.


Цените на влезниците, кои ќе се продаваат во два дела, на 5 и 8 јуни, се движат од 580 јуани (76 евра) до 4.800 јуани (630 евра).

Организаторите соопштија дека ќе бидат преземени строги мерки за да спречат препродажба на купените билети, меѓутоа на најпопуларната кинеска платформа за интернет продажба Таобао, разни трговци веќе понудија услуги за резервација на билети, а еден од нив нуди пристап до ВИШ седиштата на Работничкиот стадион по цена од 18.000 јуани (речиси 2.400 евра).

Пријателскиот натпревар меѓу актуелниот светски првак Аргентина и Австралија ќе го одбележи големото враќање на меѓународниот фудбал во Кина по три години строги здравствени ограничувања кои ги испразнија стадионите и доведоа до откажување на голем број спортски настани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK